Хамилтон на чекор од титулата по славјето во Остин

Нова победа, 5-та по ред за британскиот пилот, овој пат на трката за ГН на САД, по што Луис Хамилтон веќе во Бразил би можел да го крене шампионскиот пехар. Нико Розберг втор, Даниел Рикардо од Ред Бул трет со 25 секунди послабо време од водечката двојка.

Со вечерашната победа во Остин на 17. трка во сезоната, Луис Хамилтон сега има 24 поени повеќе од вторпласираниот во генералниот пласман, Нико Розберг. Триумфот во САД е и рекорден за британската историја на Ф1, затоа што Хамилтон вечерва ја оствари 32. победа и на тој начин го престигна легендарниот Најџел Менсел.

Трката за големата награда на САД почна со сејфти-кар, затоа што во првиот круг Перез невнимателно го поткачи Зотил. По излегувањето на сејфти-карот, Нико Розберг го задржа водството, а тимскиот колега Луис Хамилтон беше веднаш зад него.

Првите двајца пилоти сезонава се бркаа сè до 24.круг, кога Британецот успеа да го претекне Розберг во 12-та кривина и водството го чуваше до крајот на трката. Хамилтон славеше со време 1:40:04, а Нико Розберг целта ја мина како втор со четири секунди задоцнување 1:44:07. Даниел Рикардо од Ред Бул беше трет а на подиумот стигна иако имаше 25 секунди послабо време од водечката двојка.

Следната трка се вози наредниот викенд на легендарната патека Интерлагос во Бразил.

2 ноември 2014 - 23:15