Гранит убедлив во дуелот со Раде Кончар

Во вторит ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија Гранит го декласираше Раде Кончар, а победи славеа и ЕЛЕМ и ЕВН.

Гранит убедливи во дуелот со Раде Кончар

Раде Кончар 2-12(1-6) Гранит

Раде Кончар: Сашо Трпчевски 12’ Даниел Ивановски 40’

Гранит: Сашо Каровски – Џуме 4’ 15’ Дарко Стојановски 6’ 16’ Стефан Тевдовски 8’ 34’ Кристијан Крстевски 10’ 24’ Пепи Мицев 22’ 37’ Дарко Аралампиев 33’ Марјан Петровски 39’

Првиот дел од полувремето на натпреварот помеѓу Гранит и Раде Кончар помина во знакот на екипата на Гранит, тие уште на самиот старт ја превзедоа иницијативата и воспоставија целосна контраола на теренот што резултираше со водство од 0-4 во 10та минута. Екипата на Раде Кончар направи неколку ротации во тимот и успеа да постигне погодог и да ја намали разликата на Гранит. На полувремето се замина со резултат од1-6. Во второто полувреме екипата на Гранит продолжи со добрата игра и доминација на теренот, екипата на Раде Кончар се обидуваше да ја смени својата игра за да возврати но тоа не им одеше од рака. До крајот од натпреварот екипта на Гранит го зголемуваше својот резултат за на крајот овој натпревар заврши со конечни 2-12.

ЕЛЕМ не дозволи изненадување во дуелот со Окта

Окта 6-9(2-4) ЕЛЕМ

Окта: Александар Јовчевски 14’ 20’ 35’ 36’ 39’ Дарко Стоилковски 30’

ЕЛЕМ: Павле Маџовски 4’ 32’ Диме Милевски 9’ 23’ 37’ Горан Николов 13’ 15’38’ Ристо Стефковски 22’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Окта и ЕЛЕМ, екипата на ЕЛЕМ во натпреварот влезе помотивирано и успеа со тактика голман-играч во фаза на напад да створи вишок играч што резултираше со предност од 0-3 веќе во 13та минута. Екипата на Окта по резултатската негативата се префрли на половината на противникот успеа да изврши притисок и да го намали водството на ЕЛЕМ. Сепак до крајот на полувремето екипата на ЕЛЕМ успеа да го сочува водството и на полувремето да замине со позитивен резултат од 2-4. Во второто полувреме екипата на Окта тргна поагресивно кон противничкиот гол и успеа да го намали водството на два гола предност до завршните минути од полувремето. Екипата на ЕЛЕМ не дозволи изненадување и со неколку брзи акции повтороно го зголеми водството за победа 6-9.

ЕВН во финишот до победа над ЕВН

Пекабеско 4-5(1-1) ЕВН

Пекабеско: Бобан Вујиќ 3’ Мартин Здравевски 25’ 39’ Дејан Неделковски 26’

ЕВН: Томи Илиевски 2’ 29’ Бојан Маџовски 32’ 40’ Ајет Новобрдарија 35’

Бевме сведоци на динамично прво полувреме кое го одиграа екипите на Пекабеско и ЕВН. Двата тима уште на самиот старт започнаа со офанзивна игра што врдо со полод и рани погодоци во 2та и 3та минута. Прва до водство дојде екипата на ЕВН преку Илиевски, но веќе во следната минута Вујиќ со одличен погодок дојде до израмнување. До крајот на полувремето двата тима просолжија со висок ритам на игра, се редеа многу шанси на двете страни но сепак во ова полувреме реализацијата беше слаба страна. Во второто полувреме двата тима продолжија во ист ритам на игра со многу шанси за гол одлични удари и атрактивни потези. Екипата на Пекабеско во првиот дел од второто полувреме успеа да постигне два погодоци и да го превземе водството. Екипата на ЕВН со чести ротации во тимот и внесување на голман играч успеа да дојде до израмнување и да го внесе натпреварот во неизвесна завршница. Во финишот од натпреварот екипата на ЕВН успеа да искористи грешка во одбраната и да дојде до победата во овој натпревар со 4-5.

7 март 2018 - 11:32