Федерер се збуни со правилата, 405 дена нема играно тенис

Швајцарскиот ас му се врати на тенисот и по 14 месеци го одигра првиот меч. Федерер победи, ама од толку долга пауза подзаборавил некои правила по што слатко го насмеа судијата. 

На АТП турнирот во Доха, Роџер Федерер го совлада Британецот Даниел Еванс со 2:1 во сeтови и во четвртфиналето ќе игра против Николоз Басилашвили.

Но долгата пауза оставила малку траги кај рекордерот со 20 грен слем титули кој прво го потпраша судијата околу должината на паузата, а потоа се збуни и со пешкирот и се поднасмеа во негов стил.

Федерер ја има освоено Доха три пати, а последниот натпревар го одигра лани против Ѓоковиќ на Австралија Опен.

Во август ќе наполни 40 години.

Победничкиот поен 

11 март 2021 - 09:39