БЛ 4-то коло (прв ден)

ЕЛЕМ сигурен во победата над One

Стартуваше четвртото коло од Бизнис лигата со три натпревари на кои победи извојуваа ЕЛЕМ, Македонски Телеком и ArcelorMittal.

ЕЛЕМ сигурен во победата над One.
One 4-11 (0-5) ЕЛЕМ
One: Дарко Таневски 22', 37', Слободан Кекеновски 30', Коте Јанакиевски 39'
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 4', 38', 40', Александар Николовски 5', 18', 40', Менде Фидановски 9', Антонио Нически 17', Димче Димитријески 25', Ристо Стефановски 28', 31'
Екипата на ЕЛЕМ во натпреварот против екипата на One прикажа апсолутна доминација. Го надиграа противникот, делуваа надмоќно, не дозволувајќи и на екипата на One резултатски да се приближи. Мора да истакнеме дека кај One во 22' Дарко Таневски постигна еврогол на задоволство на целата публика. Крај на натпреварот 4-11. Полувреме 0-5.

Македонски Телеком со мирна игра до победа над МЕПСО.
Македонски Телеком 6-2 (2-1) МЕПСО
Македонски Телеком: Петре Велигденов 5', Душко Симоновски 13', 30', Ивица Вељановски 26', Влатко Причков 29', Михајло Лазаревски 32'
МЕПСО: Александар Стојчевски 16', Златко Ацевски 36'
Одлична игра во првото полувреме прикажаа и двете екипи. Играа доста офанзивен напад со одлично изработени акции, со не толку ефикасна завршница што може да се види по резултатот на полувремето 2-1. Во второто полувреме, екипата на Македонски Телеком одигра доста смирено во нападот, го искористи и црвениот картон на МЕПСО, стекнувајќи предност за мирна завршница и победа на овој натпревар од 6-2.

ArcelorMittal го остави срцето на теренот во натпреварот против Оилко.
ArcelorMittal 3-1 (1-0) Оилко
ArcelorMittal: Александар Зотиќ 7', 31', Игор Мирчески 34'
Оилко: Владимир Арсов 36'
Екипата на ArcelorMittal стигна до своите први бодови во овогодинешната Бизнис Лига преку Оилко. Во текот на целиот натпревар играа со срце и со огромна желба за победа, што на крајот вроди со плод. Добрата одбрана и овозможи брзи контра напади преку кои имаа одлична реализација за победа на овој натпревар од 3-1. Полувреме 1-0. Мора да напоменеме дека Александар Зотиќ ја предводеше екипата на ArcelorMittal постигнувајќи два погодоци.

5 ноември 2013 - 08:22