Дуото Стојановски - Дамевски ја водеше Халк Банка до победа над DHL

Окта и Матрикс славеа убедливо во третиот ден од 3. коло во Бизнис лигата на Македонија, Халк Банка го совлада DHL.

Матрикс со одлична реализација дојде до победа над Џонсон Мети

Матрикс 10-4(7-0) Џонсон Мети

Матрикс: Петре Даиловски 8’ 20’ Мирко Богески 3’ 18’ Антонио Богдановски 12’ 15’ Тони Брњарчевски 26’ 37’ Златко Атанасовски 14’ 31’

Џонсон Мети: Сашо Петрушевски 21’ Никола Николовски 37’ 39’ Стефан Јовановски 35’

Одличен почеток на екипата на Матрикс во дуелот со Џонсон Мети тие од самиот старт на натпреварот поставија офанзивна игра што им донесе резултат во раната фаза од полувремето уште во 3та минута преку погодокот на Богески. Екипата на Џонсон Мети во игра внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот и да дојде до израмнување, но ваквата отворена игра ја искористи Матрикс за зголемување на водството. Во остатокот од полувремето екипата на Матрикс покажа одлична игра од минута во минута го зголемуваше водството па на паузата замина со предност од  7-0. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети успеа ги консолидира своите редови постави игра преку која доаѓаше до отворени шанси за гол но имаа слаба реализација. Екипата на Матрикс се потпре на подобрата физичка подготвеност и воиграноста која ја имаат во овој момент па не дозволија изненадување и го добија овој натпревар со 10-4.

Дуото Стојановски - Дамевски ја водеше Халк Банка до победа над DHL

Халк Банка 8-5(4-1) DHL

Халк Банка: Дарко Крстевски 38’ Мартин Дамевски 11’ 26’ 39’ Иван Стојановски 5’ 8’ 14’ 29’ 37’

DHL: Иван Алексовски 15’ 32’ 33’  Мартин Каревски 22’ 36’

Екипата на Халк Банка доста мотивирано влезе во дуелот со DHL, уште на самиот играа организиран фудбал со кој преку долги напади успеваа да дојдат до изгледни шанси за гол. Екипата на DHL не можеше да најде против игра за ваквата поставеност на Халк Банка која во своите редови го имаше расположениот Игор Стојановски кој колективната игра успеваше да ја претвори во гол па на полувремето Халк Банка замина со предност од 3 гола резултат 4-1. Во второто полувреме Халк Банка од минута во минута го зголемуваше водството кое во еден момент изнесуваше 7-1. Екипата на DHL успеа целосно да ги консолидира своите редови и со 3 гола во низа го врати жарот во натпреварот. При резултат од 7-4 екипата на Халк Банка по груб старт остана со играч помалце што DHL го искористи за да дојде до негатива од само два гола 7-5, но екипата на Халк Банка го имаше во своите редови расположените Мартин Дамевски и Игор Стојановски кој продолжи со одлична реализација и го зголеми водството. Во самата завршница екипата на DHL се обиде со голман играч да се врати во натпреварот, но тоа не им успеа па го загубија овој натпревар со 10-5.

Искуството на Окта пресудно во дуелот со Интертек

Окта 9-2(6-1) Интертек

Окта: Иван Димитриевски 6’ 13’ Тино Трајковски 12’ 29’ Давид Насковски 36’ Живко Котевски 1’ Александар Јовчевски 5’ Мартин Мијалковски 16’ 30’

Интертек: Стефан Ѓалевски 32’ Димитар Димишков 18’

Во дуелот помеѓу екипите на Окта и Интертек Окта влезе доста техничко тактички подготвена потпирајќи се на своето долгогодиншно искуство во Бизнис лигата. Екипата на Интертек немаше јасно дефиниран напад што и одговараше на екипата на Окта која преку транзиција и брзи контра напади успеваше ова да го искористи за да дојде до отворени шутеви кон гол. Ваквата поставеност на двете екипи ја искорити екипата на Окта за предност од високи 6-1 на полувреме. Во второто полувреме екипата на Окта продолжи со одлична игра не давајќи на Интертек да постави против игра. Во текот на целото полувреме Окта успеа да ја одржи предноста и на крајот од натпреварот стигна до висока победа од 9-2.

6 октомври 2022 - 08:13