Драматичен пад на спуст со брзина од 146 км на час

Швајцарскиот скијач Урс Круенбухл ги исплаши сите на патеката во Кицбил откако опасно се струполи на земја и потоа не мрдаше.

26 годишниот скијач ја загуби контролата токму пред целта на трката и со огромна брзина од 146 км на час падна на глава.

Круенбухл лежеше и не се мрдаше од местото на спустот во Кицбил се додека не интервенираа многумина кои истрчаа да му помогнат.

По укажаната лекарска помош беше пренесен со хеликоптер во болница, а според првичните информации тој е буден со повреди на главата. 

22 јануари 2021 - 14:25