Чудните спортски ритуали

Успешните спортисти не се познати само по нивните достигнувања, туку и по некои нивни суеверија и каприци. Ова се најчудните навики на познатите спортисти.

Мајкл Џордан

Најдобриот кошаркар на сите времиња беше познат по неговиот јазик кога одеше во напад, но имаше и една помалку позната навика. Под шорцевите на Чикаго Булс, тој носеше шорцеви од неговиот колеџ тим - Северна Каролина. Затоа тој носеше подолг шорц на Чикаго Булс, па по него сите подоцна ги заменија кратките со подолги шорцови.

Серена Вилијамс

Серена има малку нехигиенска навика. Таа често носи исти чорапи во текот на целиот турнир. Многу често на теренот си понесува и папучи, а врвците на патиките ги врзува на специфичен начин. Најпозната навика и е тапкањето на топчето - пет пати пред прв и два пати пред втор сервис.

Горан Иванишевиќ

Хрватот беше познат како многу суеверен тенисер. Тој никогаш прв не стануваше од своето столче. За време на натпревар, Иванишевиќ никогаш не газеше на линиите, а по победи меѓу натпревар го правел истото што и претходниот ден, односно ја носел истата облека, ја јадел истата храна, разговарал со истите луѓе...

Џејсон Кид


Џејсон Кид секогаш и испраќаше бакнеж на неговата сопруга пред слободно фрлање. Откако се разведоа тој продолжи да и испраќа бакнежи, но откако со раката ќе си го погалеше задникот.

Џејсон Тери

НБА ветеранот има два чудни ритуали. На натпревари тој секогаш носи по пет пара чорапи, а вечерта пред натпреварите тој спие во шорц на противничкиот тим.

9 април 2014 - 15:10