Четирикратен светски првак во Формула 1 собираше ѓубре од трибини

Себастијан Фетел не ја заврши трката за големата награда на Велика Британија, но покажа дека е општествена одговорна личност, без разлика што е славен спортист.

Трката во Ф1 на патеката Силверстоун во Велика Британија синоќа ја следеа 140.000 гледачи, а со оглед на остатоците на трибини, меѓу нив имало и многумина кои се скарани со култура.

Лекција после трката на која триумфираше Хамилтон, им одржа поранешниот светски првак, Себастијан Фетел кој четири години по ред беше на тронот во Формула 1 (2010, 2011, 2012 и 2013).

Германскиот возач ги воодушеви сите откако се фати за работа да го чисти ѓубрето кое го оставиле навивачите.

Инаку Фетел не ја заврши трката, ама со гестов е победник.

Сударот меѓу Хамилтон и Верстапен. 

19 јули 2021 - 12:26