Бугарскиот селектор започна штрајк со глад

Разочаран од одлуката на Меѓународниот олимписки комитет да го избрише борењето од Олимписките игри, еден од најтрофејните светски борачи и моментално селектор на бугарската репрезентација го започна својот протест преку штрајкување со глад.

Боречката федерација на Бугарија соопшти дека Назарјан започна со штрај со глад и се до почетокот на Европското првенство кое ќе стартува на 22 март во Тбилиси, тој ќе конзумира само течности. Тој штрајкува во знак за протест по одлуката на Меѓународниот олимписки комитет да го избрише борешето од Олимписката програма во 2020-та година.

39-годишниот Назарјан е роден во Ерменија и во 1996-та година на Олимписките игри во Атланта освои златен медал за оваа држава. Од 2000-та година тој ја претставува Бугарија и го освои златниот медал на Олимписките игри во Сиднеј. Назарјан има освоено и 6 злата на Европските и 3 златни медали на Светските првенства.

Минатиот месец, претседателот на боречката федерација на Бугарија и поранешен седум-кратен светски шампион, Валентин Јорданов го врати својот златен медал од Олимписките игри во Атланта.

Одлуката на Меѓународниот олимписки комитет успеа дури и да ги обедини САД и Иран кои заедно со Русија и останатите големи во овој спорт наскоро ќе започнат обединета кампања за враќање на борењето на Олимписките игри.

3 март 2013 - 21:55