Божиков (Фабрика Карпош) нерешлива енигма за Окта

Фабрика Карпош и ЕЛЕМ обезбедија победи во вториот ден од 13. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Божиков (Фабрика Карпош) нерешлива енигма за Окта
Фабрика Карпош 8-4(4-2) Окта
Фабрика Карпош: Александар Божиков 7’ 11’ 24’ 25’ 37’ 39’ Георги Божиков 8’ Ненад Денчиќ 17’
Окта: Драганчо Ѓеорѓиевски 8’ Александар Јовчевски 9’ Драганче Стојановски 29’ Шеќо Личина 33’

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Фабрика Карпош и Окта и двете екипи водеа рамноправна борба играќи цврста одбрана со добро тактички изработен напад. Екипата на Фабрика Карпош успеа да стекне резултатска предност благодарение на одличната реализација во втората половина од првото полувреме и на полувремето да отиде со предност од 4-2. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош имаше одличен старт во кој проработе нивниот главен играч Александар Божиков кој беше нерешлива енигма за екипата на Окта која не можеше да го сопре иако одбраната беше фокусирана на него. Екипата на Окта немаше своја вечер па го загуби овој натпревар со 8-4.

Ничевски со звукот на сирената во електричното дерби со ЕВН му ја донесе победата на ЕЛЕМ
ЕЛЕМ 7-6(4-3) ЕВН
ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 11’ Ристо Стефановски 15’ 17’ Влатко Петровски 16’ Павле Маџовски 23’ Пеце Соклевски 39’ Антонио Ничевски 40’
ЕВН: Бојан Симоновски 9’ 11’ Бојан Маџовски 20’ Вилијам Митев 23’ Александар Димовски 26’ Илија Мандаров 34’

Во текот на целиот натпревар екипите на ЕЛЕМ и ЕВН вода израмнета борба играјќи гол за гол.

Во првото полувреме екипата на ЕЛЕМ благодареније на одличната одбрана и добрата реализација успеа да стекне минимална предност која екипата на ЕВН и покрај одличната игра не можеше да ја надомести. Мора да напоменеме дека вистинско изненадување во екипата на ЕЛЕМ со беше Ристо Стефановски кој со одлична игра успеа да постигне два гола и им даде ветер во грб на своите соиграчи. Во второто полувреме екипата на ЕВН успеа да се врати во натпреварот и да дојде до водство кое ЕЛЕМ го анулира буквално во последната минута од натпреварот по што се влезе во егал завршница. Во ваквата завршница екипата на ЕЛЕМ го имаше во своите редови Антонио Ничевски кој со гол во последната секунда со звукот на сирената му донесе победа на ЕЛЕМ од 7-6.

8 март 2017 - 16:02