Аталанта дава подароци за новороденчиња во Бергамо

Покрај традиционалните подароци од клиниките и градските власти, новороденчињата во италијанскиот град Бергамо ќе добиваат и убави подароци од фудбалскиот клуб од овој град.

Аталанта покажа како треба да се работи со навивачите. На секое новородено дете во градот му даваат производи од клупската продавница.

Клубот кој испадна во плејофот за Лига Европа од Копенхаген на пенали, соопшти дека подготвил 12.000 пакетчиња за новороденчињата.

1 септември 2018 - 17:17