Алкохолот и дрогата му помогнале на О’Саливен

Светскиот снукер шампион, Рони (Ракетата) О'Саливен тврди дека снукерот му сметал во пијанчењето и дрогирањето и едвај чекал да завршат првенствата за да може да се направи „крш".

Легендарниот О'Саливен објави автобиографија во која ги опишува и контроверзните моменти од неговата кариера поврзани со алкохол, дрога и депресија.

Тој тврди дека и покрај тоа што во приватниот живот имал проблеми, неговата професионална кариера била брилијантна и не му пречеле пијанствата и дрогирањето заради кои загуби и една титула.

„Се сеќавам дека едвај чекав да заврши секое Светско првенство за да завршат и тестирањата за дрога, па да можам целосно да се издрогирам".

О'Саливен дури и ја загуби титулата во 1998-та година откако беше позитивен на канабис.

„Еднаш ме фатија, но толку. Ме тестираа и помеѓу натпревари, но се успевав да го проценам периодот за да немам дрога во крвта, но си ја предизвикував среќата".

Тој пиел по 15 пива и пушел канабис, но тврди дека дрогата и алкохолот му ги подобриле вештините и помогнале во кариерата.

По посетите на центри против завнисности, тој сега има нова зависност - трчање. За него трчањето во моментов е поважно и од снукерот.

„Имаше период кога не бев загрижен за Светското првенство колку за трчањето и подобрувањето на мојот рекорд се додека не истрчав 10 километри под 34 минути", пишува О'Саливен во својата автобиографија.

Во неговата кариера О'Саливен има остварено 11 максимални брејкови со 147 бода, а ова е еден од најлегендарните моменти во историјата на снукерот:

22 ноември 2013 - 09:48