За пикерот на Австрија потребни се четворица чувари

Селекцијата на Австрија е дефинитивно најголемо изненадување на Европско ракометно првенство, па дури има сè уште шанси за пласман во полуфинале. За да се случи тоа треба денеска да го совладаат Исланд, а Германија да загуби од Хрватска. Погледнете ја сценава од мечот против Французите. На пикерот Тобијас Вагнер му се сипаа Дилан Наи, Никола Карабатиќ, Лудовик Фабрегас и Карл Конан.