Врвна првомајска шега на Чкембари и Столе

Ајде сега барем за момент да ги ставиме на пауза ривалството, паролите, скандирањата, инцидентите, трката за титулата. Тргнете се да поминат Столе Стоилов и Чкембарите.

Големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар беше клучно за шампионската титула, но и на таков важен натпревар падна јак штос пред стартот.

На првиот меч во Скопје, Столе Стоилов направи врвен потег и по поразот на Вардар, отиде во славеничката соблекувална и ги почасти битолчани со гајба пиво.

Реваншот во салата Боро Чурлевски донесе уште еден јак момент, а овој пат во главна улога беа Чкембарите кои му подарија на капитенот на Вардар колбаси за 1 мај. Столе ги прифати и се сликаше со нив.

Ривалството на релација Скопје - Битола е огромно на спортски план, а познати се и навредливите скандирања на сметка на Столе.

Но ова се моменти кога спортот станува забава. Аплаузи за двете страни.

Шампионско славје во соблекувалната во Боро Чурлевски, па шампионски пречек пред Јане

Одбраната на Борко со која го отпиша Еурофарм Пелистер од титулата

2 мај 2022 - 09:57