Чкембари на Столе му дадоа линекс, царот го прифати

Само кај нас паѓаат вакви заебанции меѓу најголемите ривали. Од една страна имаш инвентивни навивачи, од другата човек без комплекси.

Ривалството на релација Скопје - Битола е огромно на спортски план и често пати зачинето со разно разни навредливи скандирања и пароли.

Но тоа актерите знаат да го стават на пауза и да и дадат приоритет на забавата.

Довчерашниот капитен на Вардар, кој од сезонава се премести на клупа како помошник на Владо Недановски, беше отсутен поради вирус.

Навивач на Еурофарм Пелистер го пречекаа со подарок од аптека за да му помине побрзо, а тој го зема и прифати да се слика.

Слична шега падна и минатата сезона кога Вардарци гостуваа во салата Боро Чурлевски на клучниот меч за титулата.

Мечот се играше на 1 мај и како што доликува на денот еден битолчанец му даде на Столе колбаси.

Инаку на првиот меч во Скопје, Столе Стоилов направи врвен потег и по поразот на Вардар, отиде во славеничката соблекувална и ги почасти битолчани со гајба пиво.

Врвна првомајска шега на Чкембари и Столе

23 октомври 2023 - 11:02