Навивачи

Комити го обоија Козле во вардаровите бои

Најверните навивачи на Вардар вчера организираа голем собир во паркот од населбата Козле спроти поранешна Алумина. Падна голема дружба со скара и пиво, но имаше и многу работа за уметничките души во групата. Изработија три големи графити во должина од 250 метри.

Фестивал за навивачите на Арсенал во Уганда

Копа90 има нова документарка за необичниот фестивал за навивачи на Арсенал во далечната Кампала, главен град на Уганда. Секоја година таму се собираат навивачи на Арсенал од цела Африка а најбројни се оние од Источна Африка: Сомалија, Судан, Бурунди, ДР Конго.

Минута молк во преполна Арена за загинатите во Москва

Пред самиот почеток на големото дерби на 32. коло од Евролига меѓу Партизан и Олимпијакос кое гостите го добија 69:74, во белградска „Арена“ се одржа минута молк за загинатите од страшниот терористички напад во Москва.

Некој разменува дресови, некој столици

За време на едно мини дерби во аргентискиот Куп меѓу Годој Круз и Сан Мартин, во 21-ва минута од првиот дел навивачите на двата тима се гаѓале со столици. Прекинот траел 15 минути додека не се смириле. Мечот завршил 0:0 во регуларен дел а домаќинот славел 4:3 на пенали.

Печен е да води трибина а?

Ќе речеш дете е, уште во кревет моча, ама гледајте го кај се качил, на каде е свртен и што работи за време на натпревар. Уште од мал ги има гестикулациите.

Штосен графит со маскираниот навивач на Трабзонспор пред суд

Нигериецот Брајт Осаи Самуел кој му влезе со боксови на навивачот на Трабзонспор, кој влета со маска на терен, доби графит од навивачите на Фенербахче. Арно ама и навивачот на Трабзоспор се најде на графит и тоа пред суд. Другарите во обид да го одбранат, сакаат да испратат порака дека не се тепа со никој, што е за право ако за доказ се важи само моментот кога стои сам.

Како изгледа дерби во Тунис?

Земјите од северна Африка неверојатно многу го сакаат фудбалот. Мароканците и Тунижаните просто како Јужноамериканците живеат за оваа игра. Особено кога има некое големо дерби во нивното првенство, стадионите се полни и има прекрасни кореографии и бакљади. За време на дербито Есперанс - Клуб Африкан гостинските навивачи не добиле дозвола да влезат ама затоа домашните направиле спектакл.

Најубава навивачка приказна на сезоната во Премиер

Витештвото и честа меѓу навивачите е тема за која ретко се зборува. Така во англиската Премиер лига има еден сјаен пример кој треба да го следат многу други навивачи ширум светот.

„Заветна“ во изведба на Комити, оптеретете ги звучките

Јако тифо со моќна увертира пред мечот имаа викендов навивачите на Вардар на дербито против Шкендија (1:1), кое дефинитивно заслужува да се игра на Градски, а не во Маџари. На микрофонот е Бојана Скендеровски, придружувана од екстра мотивираниот хор на Комити за кои секој стих од славната „Заветна“ на Пепи Бафтировски е посебна емоција, бидејќи ја опишува пред сè историско националната, а потоа и клупска голгота и борба која ја водат. Слушнете со колкав жар ја пејат.

Дивјачки напад на холандски фудбалер од Фенербахче

Ниту прв, ниту последен пат ќе гледаме тепачки во турскиот фудбал. Така е таму, им врие крвта. Но она што зачудува е храброста и дрскоста на играчите на Фенербахче, кои не е дека само се бранат или бегаат, туку влегуваат во туч и напаѓаат со клоци и боксови. Најмногу зачудува дивјачкиот потег на 22 годишниот Холанѓанец Џејден Устерволд кого го фатиле со телефон како рога и тоа веќе соборен навивач. Пази со нога во глава го удира. Некако многу хард кор бе ова а?

Нов хаос во Турција, навивачи на Трабзонспор нападнаа играчи на Фенербахче

Енис Барди постигна прекрасен гол во дербито Трабзонспор - Фенербахче но му падна во втор план поради големите нереди кои ги предизвикаа домашните навивачи поради поразот 2:3.

Излезе најновата реклама од Адидас за новиот дрес на Германија за Европско

Мислењата се поделени. На некои ова им е без врска, а на други им е баш како што вели насловот на промотивното видео: Типиш Дојчланд.

Навивачите на Брајтон им вратија на романистите за вулгарната парола

На првиот дуел во Рим, навивачите на Рома извадија транспарент за Елизабета Втора со навредлива содржина. Oвие пак се решија да не одат со некој сериозен одговор и им вратија со мала заебанција, какви што ги има многу во Италија во однос на нивниот префинет начин на исхрана. На пример ќе те искараат ако ставиш кечап на пица или ако нарачаш капучино попладне, кое се пие исклучиво како дел од појадок.

Навивач на Партизан од затвор се јави во емисија

Наградата за гол на годинава ја дава ФИФА и тоа им го оставаме на нив да си го решат по пат на гласање, ама за навивач на годинава нема простор за туѓо мислење. Овој е тој и точка. Се јави во емисија во живо во тв К1 за да зборува за дербито Ѕвезда - Партизан и тоа мртов ладен. Инаку бил дел од групата Алкатраз, а поздрав за гостите упати и од неговиот цимер од келија. Раде Богдановиќ пукна од смеење.

Атмосферата на вечното белградско дерби

Црвена звезда и Партизан го одиграа 172. вечно белградско дерби. Трибините исполнети речиси до крај со исклучок на задолжителната тампон зона меѓу двете двете ривалски навивачки групи.

Парола на навивачите на Рома за кралицата Елизабета Втора

Рома го совлада Брајтон со 4:0 во првиот осминафинален меч од ЛЕ. На трибините се појави банер кој не е за превод и кој веројатно е дел од протестите на некои навивачки групи против монархијата. Слично нешто направија и навивачите на Селтик кои една недела по смртта на Елизабета втора, на мечот против Шахтјор извадија транспарент на кој пишуваше „Fuck The Crown“, а потоа скандираа „Ако го мразиш кралското семејство плескај со рацете“.

Љубовта кон клубот појака и од деменција

Деведесет и осум годишен Британец, речиси целиот свој живот навива за Лидс Јунајтед. Тој веќе неколку години пател од деменција, а неговите најблиски му исполниле желба и го донеле не омиленото место - стадионот „Еланд Роунд“. На овој стадион пред секој натпревар се пее песната „Marching On Together“ која што во 1972-ра година ја напишале Лес Рид и Бари Мејсон. Кога Лидс Јунајтед истата година влегол во финалето на ФА Купот ја запеале на трибини и од тогаш стандардно се пее.

Шпанско навивачко лудило во ЛШ

Навивачите на Реал Сосиедад ниту некогаш се израдувале на европски трофеј, ниту имаат привилегија редовно да го бодрат својот клуб на најелитната клупска меѓународна сцена. Сезонава тоа го искористија до максимум.

Навивачите на Шкендија „го погребаа“ Вардар

Вардар го загуби дербито на колото од Шкендија со 3:0 и се со соочи со скандалозно однесување на домашните навивачи кои симулираа погреб за црвено црните, ставајќи ги во ковчег кој заврши во пеколот.

Ван Дајк зема телефон од навивач да ја сними прославата

Ливерпул со гол на Дарвин Нуњез дури во 90+8' минута во последните секунди од мечот го совлада Нотингем Форест на гости со 0-1. Ова беше дури 18-ти пат Ливерпул под водство на Јирген Клоп да слави со гол во длабоко судиско продолжение. Црвените со овој триумф и натаму се први во Премиер лига. Прославата на голот на Уругваецот ја сними Ван Дајк со телефон на навивач.

Една песна јас да засвирам

Со мечот за Суперкупот на Литванија меѓу Паневежис и ТрансИнвест кој завршил 0-0 па на пенали славеле првиве 5-4, започнала фудбалската сезона во оваа земја. На трибините еден симпатичен човек си дошол со својот омилен инструмент - хармоника.

Баскиски сеир на сметка на Чоло Симеоне

По триумфот 0-1 среде Мадрид, Атлетик Билбао синоќа на домашен терен го декласираше Атлетико Мадрид во реваншот од полуфиналето на Куп на Кралот и се пласираше во големото финале каде ќе игра против најголемото изненадување Мајорка. Браќата Ињаки и Нико Вилијамс ги постигнаа првите два гола а побеадта ја запечати Горка Гурузуета. Пред крајот од мечот цел стадион во Билбао му скандираше на Диего Симеоне: „Нека скока сега Симеоне“ (Que bote Simeone).

Голема победа на германските навивачи - ДФЛ се повлече од спорната зделка

Во месец декември лани, мнозинство клубови од прва и втора германска Бундеслига гласале ЗА предлогот во германската фудбалска федерација да може да влезе инвеститор (читај странски капитал) и да завладее со медиумскиот простор и тв правата на германскиот фудбал за што би платил меѓу 900 милиони евра и 1 милијарда евра. Навивачите бурно протестираа и на крај победија.