Баскиски сеир на сметка на Чоло Симеоне

По триумфот 0-1 среде Мадрид, Атлетик Билбао синоќа на домашен терен го декласираше Атлетико Мадрид во реваншот од полуфиналето на Куп на Кралот и се пласираше во големото финале каде ќе игра против најголемото изненадување Мајорка. Браќата Ињаки и Нико Вилијамс ги постигнаа првите два гола а побеадта ја запечати Горка Гурузуета. Пред крајот од мечот цел стадион во Билбао му скандираше на Диего Симеоне: „Нека скока сега Симеоне“ (Que bote Simeone).

На овој меч бил срушен и клупскиот рекорд на Атлетик Билбао по број на гледачи. Дури 52.061 навивач го следел овој дуел и тоа е нов рекорд во клупски фудбал на новиот стадион „Сан Мамеш“. 

1 март 2024 - 09:11