Навивачи

Навивач на Партизан од затвор се јави во емисија

Наградата за гол на годинава ја дава ФИФА и тоа им го оставаме на нив да си го решат по пат на гласање, ама за навивач на годинава нема простор за туѓо мислење. Овој е тој и точка. Се јави во емисија во живо во тв К1 за да зборува за дербито Ѕвезда - Партизан и тоа мртов ладен. Инаку бил дел од групата Алкатраз, а поздрав за гостите упати и од неговиот цимер од келија. Раде Богдановиќ пукна од смеење.

Атмосферата на вечното белградско дерби

Црвена звезда и Партизан го одиграа 172. вечно белградско дерби. Трибините исполнети речиси до крај со исклучок на задолжителната тампон зона меѓу двете двете ривалски навивачки групи.

Парола на навивачите на Рома за кралицата Елизабета Втора

Рома го совлада Брајтон со 4:0 во првиот осминафинален меч од ЛЕ. На трибините се појави банер кој не е за превод и кој веројатно е дел од протестите на некои навивачки групи против монархијата. Слично нешто направија и навивачите на Селтик кои една недела по смртта на Елизабета втора, на мечот против Шахтјор извадија транспарент на кој пишуваше „Fuck The Crown“, а потоа скандираа „Ако го мразиш кралското семејство плескај со рацете“.

Љубовта кон клубот појака и од деменција

Деведесет и осум годишен Британец, речиси целиот свој живот навива за Лидс Јунајтед. Тој веќе неколку години пател од деменција, а неговите најблиски му исполниле желба и го донеле не омиленото место - стадионот „Еланд Роунд“. На овој стадион пред секој натпревар се пее песната „Marching On Together“ која што во 1972-ра година ја напишале Лес Рид и Бари Мејсон. Кога Лидс Јунајтед истата година влегол во финалето на ФА Купот ја запеале на трибини и од тогаш стандардно се пее.

Шпанско навивачко лудило во ЛШ

Навивачите на Реал Сосиедад ниту некогаш се израдувале на европски трофеј, ниту имаат привилегија редовно да го бодрат својот клуб на најелитната клупска меѓународна сцена. Сезонава тоа го искористија до максимум.

Навивачите на Шкендија „го погребаа“ Вардар

Вардар го загуби дербито на колото од Шкендија со 3:0 и се со соочи со скандалозно однесување на домашните навивачи кои симулираа погреб за црвено црните, ставајќи ги во ковчег кој заврши во пеколот.

Ван Дајк зема телефон од навивач да ја сними прославата

Ливерпул со гол на Дарвин Нуњез дури во 90+8' минута во последните секунди од мечот го совлада Нотингем Форест на гости со 0-1. Ова беше дури 18-ти пат Ливерпул под водство на Јирген Клоп да слави со гол во длабоко судиско продолжение. Црвените со овој триумф и натаму се први во Премиер лига. Прославата на голот на Уругваецот ја сними Ван Дајк со телефон на навивач.

Една песна јас да засвирам

Со мечот за Суперкупот на Литванија меѓу Паневежис и ТрансИнвест кој завршил 0-0 па на пенали славеле првиве 5-4, започнала фудбалската сезона во оваа земја. На трибините еден симпатичен човек си дошол со својот омилен инструмент - хармоника.

Баскиски сеир на сметка на Чоло Симеоне

По триумфот 0-1 среде Мадрид, Атлетик Билбао синоќа на домашен терен го декласираше Атлетико Мадрид во реваншот од полуфиналето на Куп на Кралот и се пласираше во големото финале каде ќе игра против најголемото изненадување Мајорка. Браќата Ињаки и Нико Вилијамс ги постигнаа првите два гола а побеадта ја запечати Горка Гурузуета. Пред крајот од мечот цел стадион во Билбао му скандираше на Диего Симеоне: „Нека скока сега Симеоне“ (Que bote Simeone).

Голема победа на германските навивачи - ДФЛ се повлече од спорната зделка

Во месец декември лани, мнозинство клубови од прва и втора германска Бундеслига гласале ЗА предлогот во германската фудбалска федерација да може да влезе инвеститор (читај странски капитал) и да завладее со медиумскиот простор и тв правата на германскиот фудбал за што би платил меѓу 900 милиони евра и 1 милијарда евра. Навивачите бурно протестираа и на крај победија.

Навивачите на Легија пак ѝ пркосат на УЕФА

Долги години трае војна на релација меѓу Легија Варшава и УЕФА. Навивачите на полскиот клуб, кои важат за едни од најжестоките во Европа на секоја казна од европската фудбалска унија врз разни основи, повторно контрираат.

Рио Фердинанд во авион со навивачи на Арсенал

На големиот Рио, легендарен стопер на Манчестер Јунајтед и англиската репрезнтација, му се погодило во летот со Рајан Ер до Порто каде беше стручен коментатор за каналот ТНТ, да лета со стотина навивачи на „топџиите“. Токму тие го критикуваа пред извесно време зошто кажа дека Букајо Сака е неверојатен и дека му треба одмор затоа што е многу млад но не е светска класа.

Таранто имај милост ти

Еден емотивен апел на 84-годишниот пресимпатичен дедо Кармине, голем навивач на италијанскиот третолигаш Таранто ја натажил цела фудбалска Италија. Градоначалникот и општината Таранто планирале истоимениот клуб од југот на Италија, од реонот Пуља, додека го реновираат стадионот, да го пратат да игра во 452 километри оддалечениот Терамо.

Верност на сезоната

Најубавата приказна овојпат ни доаѓа од Нотингем Форест, славниот англиски клуб (две титули во Куп на европски шампиони, една во Англија, една во европски Супер Куп, два ФА Купа и четири Лига Купа) кој после долги години во пониските лиги конечно се врати во Премиер. 92-годишната Вера Хил речиси целиот свој живот е со својот Нотингем. Таа пред 15-ина години откако ѝ ослабнал видот решила да ја врати својата сезонска карта на клубот со цел да отстапи место на помладите. Клубот не ја заборавил, ја поканил на премиерлигашки меч а во нејзина чест целиот стадион ја испеал химната на Форест.

Чкембари се солидаризираат со скопските групи

По разните перипетии и префрлање на одговорноста со соопштенија, на крајот се огласија и битолските Чкембари кои витешки го бранат навивачкиот кодекс.

Сонот од детството на наш човек да се биде на меч од Премиер Лига

Го посетил третиот најголем стадион во Англија, тоа е оној на Тотенхем кој собира 63.000. Пази пивото го точат на дугме и тоа од доле, а второто изненадување кое ќе го видите е навивачот со необична разонода на полувреме, нешто што е најнормално кога си залежан на плажа.

Најубавата кореографија во Шведска за 2023-та е од Гетеборг

„Кога ноќта е најтемна, зората е најблизу“ парола под врвна шеталица на која е нацртано бурно море со големи бранови и бродот на ИФК Гетеборг, шведскиот прволигаш.

Која е песната на која се ежат на „Олд Трафорд“?

Како што на навивачите на Ливерпул им се ежи кожата кога ќе ја слушнат You'll Never Walk Alone која што ја грми цел „Енфилд“, така и на навивачите на нивниот вечен ривал Манчестер Јунајтед кога ќе ја чујат This Is The One од бендот Stone Roses од Манчестер.

А навивачите на Бока на баскет сте ги виделе ли?

Навивачите на Бока се светски познати за најлудите амбиенти кои ги прават на нивната „Бомбонера“ и каде и да игра нивната екипа. А ретко кога некој ги видел какви се на кошарка. Во сала.

Навивачки хумор за две гребла

Класика англиски фудбал. Мечот меѓу Кембриџ и Болтон бил прекинат во 10-та минута поради обилни дождови и натопен терен. На тревникот излегле двајца вработени на стадионот кои пробале да ја оправат состојбата на теренот. Гостинските навивачи удриле мајтап: „Имате само две метли“.

Ја памтите ли најдобрата кореографија на полусезона?

За време на мечот од групна фаза на Лига Европа меѓу Олимпик Марсеј и Ајакс кој домаќинот го доби 4:3, навивачите на францускиот состав направија интересна кореографија како алузија на тоа што ривалските навивачи од Амстердам често го величаат Боб Марли.

Идиотот на сезоната меѓу навивачите доаѓа од Рајо Ваљекано

Тимот на Столе Димитриевски загуби 1:2 од Севиља во натпревар кој беше прекинат поради моронштина од потег на навивач на Рајо, каков што не паметиме дека сме виделе друг пат на стадион.