’Вашите дедовци изгореа живи за Дрезден’

Сент Паули важи за клуб-симбол на левицата, неговите навивачи се анти-фашисти, додека Динамо Дрезден отсекогаш во историјата се сметал за клуб близок до десницата, па во еден период дури и приврзан до идеологијата на Хитлер.

Сент Паули сезонава е на самото дно во германската втора Бундеслига и би можел да испадне во третата. Од друга страна на Динамо Дрезден му оди одлчно и со 31 бод е на само четири бода од местото кое води во баражот за пласман во првата лига.

Но кога овие два лути ривали играат меѓу себе, тогаш на страна се трга актуелната форма, состојбата на табелата, играчкиот кадар и се друго. Тогаш се остава и последниот атом на сила на теренот. Сент Паули во неделата со 2:0 го победи Дрезден а домашните навивачи извадија мошне контроверзна парола која што ги разбуди духовите во Германија:

’Вашите дедовци изгореа за Дрезден’ како алузија на 72. годишнината од Сојузничкото бомбардирање на градот Дрезден во 1945 година во кое загинале околу 25.000 луѓе. Годишнината од тој настан се одбележува денес на 13. февруари.

Од тој момент до денес, крајната десница во Германија го користи како алиби за својата политика ова како што велат ’крволочно бомбардирање’ на невин народ.

Во меѓувреме од ваквата порака на ултрасите на Сент Паули се огради и самиот клуб: „Сент Паули се дистанцира од идејата за Германија како жртва на војната што беше пропагирано од крајната десница во минатото... но овој банер отиде предалеку - ги навредува жртвите на бомбардирањето на Дрезден. Сент Паули му се извинува на Динамо Дрезден, нивните навивачи и на сите блиски роднини на жртвите од нападите пред 72 години“, стои во соопштението.

Се огласи и Динамо Дрезден исто со соопштение:

„Овој банер ги надмина сите граници на вкус и слобода на говор. Згрозени сме од таквиот испад кои ги навредува сите жртви од бомбардирањето“.

Овој настан е втор ваков за една недела на германските стадиони.