Њујоршко фудбалско дерби со тепачки и иронија

Американските навивачи почнаа да преименуваат по нешто од европската тифо сцена, а тоа се манифестираше на градското фудбалско дерби за кое полицијата по се изгледа ќе има многу работа во иднина.

Кои сте вие? Им скандираа навивачите на Њујорк Ред Булс на навивачите на Њујорк Сити, клуб формиран пред две години кој во составот ги има ѕвездите од европскиот фудбал, Давид Виља, Френк Лампард и Андреа Пирло.

Навивачите пред натпреварот имаа жесток судир пред еден бар каде не се пазеше кој со што мава.

Ривалството од улиците продолжи и за време на мечот, а навивачите на Ред Булс имаа подготвено провокативна кореографија која се однесуваше на ветераните 36 годишниот Пирло и 37 годишниот Лампард.

Ред Булс ја доби битката и на терен и победи со 2:0 со головите на Бредли Рајт-Филипс и Фелипе Мартинс.

10 август 2015 - 11:16