Навивачка пресметка во Севиља

Откако минатата недела се судрија со полските навивачи во Манчестер, хулиганите на Севиља синоќа нападнале симпатизери на Манчестер Сити во пресрет на дуелот на овие два тима во Лигата на шампиони вечерва.

Навивачите на Севиља, познати како група Бирис Норте учествуваа и во втор инцидент за само неколку дена. Нивниот клуб вечерва игра дуел од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, чии навивачи дошле еден ден порано во Шпанија со цел да го разгледаат градот.

Додека англиските навивачи во паб во центарот на Севиља го гледале натпреварот Тотенхем - Астон Вила, шпански хулигани ги нападнале со разни предмети. Англичаните се забарикадирале во пабот кој е оштетен, а шпанските медиуми пренесуваат дека имало и неколку повредени навивачи.

„Ги затворивме вратите и се обидовме да останеме мирни во пабот. Ги кршеа прозорите и вратите од пабот. Бевме прилично исплашени, затоа што меѓу нас имаше и доста жени и млади момци. Искршија сè што можеше да се искрши и кога завршија избегаа", вели Пол Џонс, навивач на Манчестер Сити за Мирор.

3 ноември 2015 - 10:59