Најубавите македонски навивачки стигнаа до фан зоната во Рим

На една од најпознатите улици на светот, Виа Деи Фиори во Рим каде што се наоѓа една од фан зоните за Евро-2020, на голем видео бим беа прикажани и навивачките на Македонија кои му дадоа убава нота на ова Европско.

Твитот на профилот Team Macedonia посветен на нашите навивачки, беше прикажан на голем видео бим во Рим:

„ПрваЛигаМК, ти си еден од нашите #EURO2020херои! Твојата објава ги освои и големите видео бимови во Фан Зоната на УЕФА ЕУРО 2020 во Рим“, стои во објавата на профилот EURO 2020 Hero кој се занимава со навивачкиот аспект

 

15 јуни 2021 - 23:53