Фудбалер на Парма ќе носи навивач на пиво откако му го бутна со топка

Добар, море не добар, одличен потег на данскиот напаѓач Андреас Корнелиус кој со овој гест ги купи навивачите на Парма.

На загревање пред мечот меѓу Сасуоло и Парма, Корнелиус му го расипа задоволство на еден навивач кој се освежуваше со чаша пиво. Му го бутна со топка, несакајќи се разбира.

Тоа камерите го забележаа, а на играчот му дојде одлична идеја како да му се реваншира. Го вика да одат на пиво, со тоа што он ќе пиел сок од јаболко.

Убав гест и извинување на Данецот.

„Здраво, тука е човекот кој те удри за време на загревањето против Сасуоло. Пред сè извини и секако ќе ти го вратам пивото. Може да се најдеме некаде на пијачка. Се разбира јас ќе пијам сок од јаболко, а ти можеш да пиеш пиво“. 

Инаку Корнелиус е член на Аталанта, а во Парма замина минатото лето на позајмица во ист ден со Кулушевски.

19 февруари 2020 - 12:28