Добрина на колото

Феенорд ги поканил децата од детската болница „Софија“ во Ротердам да бидат гости на мечот со Ексцелзиор. Гостинските навивачи во еден момент од секторот кој се наоѓал над местата каде седеле децата фрлиле стотици плишани мечиња.

Моментот се случил во 19’ минута од мечот кога целиот стадион станал на нозе и аплаудирал на прекрасниот гест. Ова полека станува традиција во Холандија затоа што пред две години и навивачите на Ден Хаг исто ги дарувале со плишани мечиња децата од болницата „Софија“ на мечот со Феенорд:

It's raining teddy bears! 🐻

Детската болница „Софија“ е најстара детска клиника во Холандија. Годинава слави 155 години постоење.