- Се работи за женски прволигашки меч меѓу Ѓорче Петров и Металург Автокоманда кој заврши 25-25, а последниот гол на Металург беше оној што на гостинките им донесе бод и многу радост.
- Откако регуларното време истече, почнаа недоразбирањата. Двете екипи се бунеа, со свои аргументи, дали голот е регуларен или не.
- Наместо на компјутер, судиите решија да го гледаат спорниот момент на телфон, а над глава им висеа стручните штабови на двете екипи.
- Англискиот печат пред секое големо натпреварување наоѓа некоја мета која што ја гаѓа од сите оружја. Претходно на времето пред Светското првенство во Русија 2018 ги сатанизираа Русите како спремаат „колење“ за англиските навивачи, а тој Мундијал и официјално беше најбезбедно организиран од сите претходни и немаше ниту еден најмал инцидент.
- Сега пред Германија мета им се наводни српски хулигани кои биле спремни да прават нереди со англиските навивачи. Мирор, Дејли Мејл и Телеграф веќе извесно време се занимаваат со оваа тема, иако е познато дека српските клупски навивачки групи не одат организирано да ја следат репрезентацијата.
- УЕФА во согласност со домаќинот организатор на Европското првенство 2024 има листа од 10 страни за забранети предмети кои не смеат да се внесуваат на стадионите.
- Една од работите кои нема да може да се внесат на трибини се и овошјата, а организаторите соопштиле и дека секој кој ќе биде „фатен“ како „шверца“ јаболки, портокали, банани и слично ќе биде исфрлен од стадионот. Навивачите ќе можат да внесат лекови и слични работи само ако можат да докажат дека ги носат од медицински причини но ќе мора претходно да им се обратат на луѓето на стадион со цел да добијат посебна дозвола.