- Легендарниот капитен на Борусија Дортмунд Марко Ројс по крајот на актуелнава сезона го напушта клубот во кој оствари многу врвни достигнувања и чии навивачи го сакаат како клупска легенда.
- Марко Ројс има 34 години. Беше капитен на Дортмунд од 2018 до 203 а на 424 настапи за „милионерите“ постигна 168 гола и имаше 128 асистенции со што е на високи места во клупските историски книги.
- Се уште не е познато каде некогашниот германски репрезентативец ќе ја продолжи кариерата, а не се исклучува трансфер во арапските земји.
- Венсан Компани (38) отпатувал утрово од аеродром од Англија кон Минхен со цел да го финализира и потпише договорот со Баерн Минхен. Баварците конечно после долга претрага, пронајдоа нов тренер, наследник на Томас Тухел.
- Венсан Компани ја почна кариерата во Андерлехт, потоа играше во Хамбургер а се прослави во Манчестер Сити каде стана препознатлив капитен, одигра 265 меча со 18 погодоци. Освои голем број трофеи со Сити.
- По крајот на кариерата, Компани, кој се смета за еден од најшколуваните и најобразувани фудбалери, заплива во тренерски води. Во 2020-та стана тренер на Андерлехт, неговиот матичен клуб но поради бројни проблеми во овој клуб замина.
- Во 2022-ра стана тренер на Барнли кој испадна во втора лига и за само една сезона веднаш експресно го врати во Премиер лига и беше избран за најдобар тренер на годината во Чемпионшип лани. Ама веднаш испаднаа назад во втора лига откако сезонава завршија претпоследни на табела со дури 24 порази.
- Сега ќе се докажува на најголема сцена како тренер на Баерн Минхен.
- УЕФА од година во година е на слатки маки каде да ги организира финалните дуели од еврокуповите. На Извршниот комитет одржан денес во Даблин каде вечерва се игра големото финале на Лига Европа меѓу Баер Леверкузен и Аталанта, донесена е одлука финалето на Лига на шампиони 2026 да се игра во Будимпешта на прекрасната „Пушкаш Арена“.
- Финалето на Лига Европа 2026 ќе се игра во Истанбул на модерниот „Бешикташ Парк“, а финалето на Лига Европа 2027 во Франкфурт.
- Натпреварите за пехар во Лига Конференции во 2026 е планиран за Лајпциг а за 2027 на Бешикташ Парк. Кај жените, Осло ќе биде домаќин на финалето на ЛШ 2026.