- Дански скијач во слободен стил утрово додека скијал надвор од скијачките патеки, околу 10:45 часот бил нападнат од мечка, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Данскиот турист бил со група скијачи кои вообичаено скијаат на диви места, односно надвор од обележаните патеки, кај месноста Јелак на Шар Планина.
- „Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде што дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите“, велат од ЦУК.
- Педесет и едно годишниот Португалец Пауло Фонсека е нов тренер на италијанскиот вицешампион Милан. Доаѓа на место на Стефано Пиоли со кого не беше продолжена соработката.
- Фонсека својата тренерска кариера ја започнал во родната Португалија уште во далечната 2005-та година кога предводел младински тим во Амадора. Од 2007-ма е во сениорскиот фудбал, а во Португалија ги водел клубовите: 1. декември, Одивелас, Пињалновенсе, Депортиво Авеш, Пакош Фереира, Порто и Брага пред да тргне во странство.
- Одличните резултати во Шахтјор Доњецк го препорачаа да стане тренер на Рома каде остана две сезони без некои поголеми успеси. Реномето го врати во француски Лил кој под негова палка играше супер фудбал и се пласираше во Лига на шампиони. Договорот со Милан му е на 2 години со можност за уште една плус година. Тој е познат како тренер кој сака напаѓачки фудбал и дава шанса на млади играчи.
- Американските медиуми пренесуваат дека на 86-годишна возраст починал легендарниот кошаркар Џери Вест по кого е настанато светски познатото лого на НБА со кошаркарска силуета.
- Џери Вест важи за една од најголемите легенди на НБА. Од 1980-та па се до 2000-та работеше во Лос Анџелес Лејкерс а подоцна своето знаење го пренесуваше и во Голден Стејт Вориорс.
- Џери Вест дури 14 пати учествувал на Ол-Стар натпревари а 12 пати бил биран во тимот на сезоната во лигата. Се прославил откако со Вил Чемберлен и Оскар Робертсон прв станал дел од клубот на играчи кои дале најмалку 25.000 поени во НБА. Во 1960-та бил и заменик капитен на селекцијата на САД на Олимписките Игри.
- Еден е од првите членови на Куќата на славните во Спрингфилд.