- Дваесет и четири годишниот фудбалер на Реал Мадрид, Брахим Дијаз кој имаше одлични настапи во Милан како позајмен играч а сега класата ја докажува и во Реал, најверојатно решил да игра за репрезентацијата на Мароко.
- Дијаз е роден во Малага, татко му е Мароканец. Првите фудбалски чекори како мал ги прави токму во истоимениот клуб а во 2015-та година на свои 16 години оди во Манчестер Сити во трансфер вреден 200.000 евра. Во 2016-та дури и дебитирал за Манчестер Сити кога влегол во игра во 80-та минута во натпревар од Купот.
- После тоа Брахим Дијаз оди во Реал Мадрид во 2019-та за околу 17 милиони евра. Интересно има еден настап за Шпанија во пријателски меч со Литванија во 2021-ва година, но од тогаш не добил ниту еден повик поради што од Мароко тргнале во права офанзива па селектор дури пет пати му бил во посета на Дијаз, а на гости му доаѓале и видни политичари од оваа земја со цел да го убедуваат да заигра за нив.
- Педесет и едно годишниот Португалец Пауло Фонсека е нов тренер на италијанскиот вицешампион Милан. Доаѓа на место на Стефано Пиоли со кого не беше продолжена соработката.
- Фонсека својата тренерска кариера ја започнал во родната Португалија уште во далечната 2005-та година кога предводел младински тим во Амадора. Од 2007-ма е во сениорскиот фудбал, а во Португалија ги водел клубовите: 1. декември, Одивелас, Пињалновенсе, Депортиво Авеш, Пакош Фереира, Порто и Брага пред да тргне во странство.
- Одличните резултати во Шахтјор Доњецк го препорачаа да стане тренер на Рома каде остана две сезони без некои поголеми успеси. Реномето го врати во француски Лил кој под негова палка играше супер фудбал и се пласираше во Лига на шампиони. Договорот со Милан му е на 2 години со можност за уште една плус година. Тој е познат како тренер кој сака напаѓачки фудбал и дава шанса на млади играчи.
- Американските медиуми пренесуваат дека на 86-годишна возраст починал легендарниот кошаркар Џери Вест по кого е настанато светски познатото лого на НБА со кошаркарска силуета.
- Џери Вест важи за една од најголемите легенди на НБА. Од 1980-та па се до 2000-та работеше во Лос Анџелес Лејкерс а подоцна своето знаење го пренесуваше и во Голден Стејт Вориорс.
- Џери Вест дури 14 пати учествувал на Ол-Стар натпревари а 12 пати бил биран во тимот на сезоната во лигата. Се прославил откако со Вил Чемберлен и Оскар Робертсон прв станал дел од клубот на играчи кои дале најмалку 25.000 поени во НБА. Во 1960-та бил и заменик капитен на селекцијата на САД на Олимписките Игри.
- Еден е од првите членови на Куќата на славните во Спрингфилд.