- Неверојатниот Ерлинг Халанд кој лани беше еден од најзаслужните за историската тројна круна на Манчестер Сити кој освои Лига на шампиони, Премиер лига и ФА Куп а прв стрелец е и во моментов во Премиер лига, се почастил себеси со неверојатен ѕвер од автомобил.
- Норвежанецот купил Мерцедес-АМГ, модел којшто го платил вртоглави 3,2 милиони евра што дури и за милионер како него се огромни пари.
- Норвешкиот лист Dagens Naeringsliv пишува дека се работи за еден од најлуксузните автомобили на светот од кој се произведени само 275 примероци и тоа по нарачка. Овој ѕвер развива брзина од 200 км/час за само седум секунди а 300 км/час може да развие за околу 15,6 секунди. Халанд во својот раскошен авто-парк има уште и Ролс Ројс Кулинан (350.000 евра), Ауди РС6 Авант (140.000 евра), Ренџ Ровер Спорт (140.000 евра) и Мерцедес-АМГ ГЛЕ (105.000) евра.
- Педесет и едно годишниот Португалец Пауло Фонсека е нов тренер на италијанскиот вицешампион Милан. Доаѓа на место на Стефано Пиоли со кого не беше продолжена соработката.
- Фонсека својата тренерска кариера ја започнал во родната Португалија уште во далечната 2005-та година кога предводел младински тим во Амадора. Од 2007-ма е во сениорскиот фудбал, а во Португалија ги водел клубовите: 1. декември, Одивелас, Пињалновенсе, Депортиво Авеш, Пакош Фереира, Порто и Брага пред да тргне во странство.
- Одличните резултати во Шахтјор Доњецк го препорачаа да стане тренер на Рома каде остана две сезони без некои поголеми успеси. Реномето го врати во француски Лил кој под негова палка играше супер фудбал и се пласираше во Лига на шампиони. Договорот со Милан му е на 2 години со можност за уште една плус година. Тој е познат како тренер кој сака напаѓачки фудбал и дава шанса на млади играчи.
- Американските медиуми пренесуваат дека на 86-годишна возраст починал легендарниот кошаркар Џери Вест по кого е настанато светски познатото лого на НБА со кошаркарска силуета.
- Џери Вест важи за една од најголемите легенди на НБА. Од 1980-та па се до 2000-та работеше во Лос Анџелес Лејкерс а подоцна своето знаење го пренесуваше и во Голден Стејт Вориорс.
- Џери Вест дури 14 пати учествувал на Ол-Стар натпревари а 12 пати бил биран во тимот на сезоната во лигата. Се прославил откако со Вил Чемберлен и Оскар Робертсон прв станал дел од клубот на играчи кои дале најмалку 25.000 поени во НБА. Во 1960-та бил и заменик капитен на селекцијата на САД на Олимписките Игри.
- Еден е од првите членови на Куќата на славните во Спрингфилд.