Зоран Предин премиерно во Офсајд

Трендо го објавува кога ќе му начека песна, Илина го објавува кога ќе му начека книга, а еве го начекавме и ние. Познатиот словенечки рокер натепа судија по натпревар од кошаркарскиот Еврокуп во Љубљана.

Словенечкиот рок музичар е познат љубител на кошарката и голем навивач на Олимпија Љубљана. Тој е автор и на химната на Европското кошаркарско првенство кое се одржа во Словенија и секогаш може да се забележи во првите редови на сите поважни натпревари.

Синоќа тој добро го искористи своето седиште во првиот ред и пристапноста на теренот. Незадоволен од судиските грешки во финишот од натпреварот од ТОП 32 фазата во кошаркарскиот Еврокуп на кој Олимпија Љубљана загуби од Будивелник, Предин влезе на теренот и му удри бокс на еден од судиите.

20 февруари 2014 - 08:39