Вечер на Двејн Вејд и Џејмс Харден, пораз за Атланта

Во ноќта меѓу сабота и недела во НБА се одиграа осум натпревари, а вечерта ја одбележа поразот на Атланта од Филаделфија. Вејд го носеше Мајами до победа над Сакраменто после продолженија.

Очекувано, Џејмс Харден му донесе на Хјустон нова победа, овој пат против Денвер Нагетс 114:100. „Брадата“ уфрли 28 поени и седум асистенции, а поддршката му стигна од Кори Бруер кој запиша 24 поени и шест скокови. Одлична вечер имаше и Тревор Ариза кој постигна 19 поени, а Литванецот Мотејунас додаде 18 поени, шест скокови и пет асистенции. Кај Нагетси, Вилсон Чендлер постигна 26 поени со пет скокови.
 
 
Атланта Хокс реши во Филаделфија да одмори неколку важни првотимци, но тоа скапо ги чинеше против 76-те, кој стигнаа до скромната 14. победа сезонава. Перо Антиќ не влегуваше во игра кај Хокси, кај кои најефикасен беше Џеф Тиг со 17 поени. Денис Шредер постигна еден поен помалку со шест асистенции. Во победничкиот состав, Лук Мба а Муте беше водечки стрелец со 19 поени, а Неленс Ноел додаде 11 поени и дури 17 скокови.
 
 
Мајами Хит до победа над Сакраменто стигна дури после продолженијата. Во победата на Хит, посебно се истакна Двејн Вејд со 28 поени. Тајлер Џонсон уфрли 24, но имаше по шест скокови и асистенции. Кај Сакраменто, стандардно најдобар Демаркус Казинс со 27 поени и дури 17 скокови. Руди Геј исто постигна 27 пони, со осум скока и пет асистенции.
 
 
НБА РЕЗУЛТАТИ: 
Њу Орлеанс – Мемфис 95-89
Кливленд – Феникс 89-79
Мајами – Сакраменто 114-109
Њујорк – Индијана 86-92
Филаделфија – Атланта 92-84
Минесота – Портланд 121-113
Милвоки – Вашингтон 91-85
Денвер – Хјустон 100-114