Турчинот Илјасова ги води Бакси кон плејоф

Минатата ноќ во НБА се одигра само еден натпревар во кој Милвоки Бакс ја совлада Индијана 111:107 и фати приклучок во борбата за плејофот.

Бакси веќе после првата четвртина имаа дури 19 поени предност, а во продолжението од натпреварот имаа и 23 поени позитива. Џорџ Хил со 15 поени во последниот период ги врати гостите во игра, а на секунда пред крајот истиот Хил имаше шут за три поени и продолжение.

„Од сите наши шутеви на натпреварот, тој беше можеби најизграден, но топката не влезе“, изјави разочараниот Џорџ Хил.

Милвоки стигна до втора победа во низа благодарение на Турчинот Ерсан Илјасова кој го оствари рекордот на кариерата со 34 поени (12/14 од игра) и дури 5 од 6 за три. Крис Мидлтон запиша 17, а Јанис Антетокумпо 15 поени. Кај Пејсерси, најефикасен беше Си Џеј Мајлс со 26 поени, два помалку уфрли Џордан Хил.

Со овој триумф, Милвоки Бакс цврсто го задржа шестото место на Истокот кое води во плејофот. Бакси имаат три победи повеќе од седмопласираниот Мајами, а Индијана заостанува една победа зад осмиот Бостон.

27 март 2015 - 09:30