Тренерот на Филаделфија им купи сендвичи на 18.000 навивачи

Кошаркарите на Филаделфија со победата над Атланта во саботата ја прекинаа серијата од 5 порази, но по завршувањето на натпреварот нивните навивачи не беа среќни и го извиркаа тренерот Колинс, па тој мораше да им купи сендвичи на сите присутни.

Секој натпревар кога Филаделфија севентисиксерс ќе постигнат над 100 поени, секој присутен во Велс Фарго арената добива бесплатен сендвич.

Но тренерот Даг Колинс најверојатно сакаше да го заштеди клубот, па му нареди на Еван Тарнер да не шутир топката при резултат 99:80 на 24 секунди до крајот.

Разочараните навивачи по натпреварот го исвиркаа тренерот Колинс, па тој откако сфати што направи, преку официјалниот спикер им порача на гледачите дека лично тој од неговата плата ќе им ги плати хамбургерите кои требаше да ги добијат ако Филаделфија ја минеше границата од 100 поени.

Натпреварот го проследија 18.061 гледачи, па доколку сите од нив си ги земале сендвичите кои чинат 4 долари, Дал Колинс ќе треба да плати над 72.000 долари.

24 декември 2012 - 11:39