Ставете очила за сонце, игра Мега

Со дуелот Унион Олимпија - МЗТ Скопје утре од 17:00 часот почнува новата сезона во Јадранската лига во која необични дресови ќе носи тимот на Мега Лекс за која игра Предраг Самарџиски.

Со драстично изменет состав од лани, кошаркарите на актуелниот шампион на Македонија ќе играат во регионалната лига. Во првото коло, Металците гостуваат во Љубљана против Олимпија.
 
Најголемо внимание пред почетокот на сезоната предизвика промоцијата на дресовите на Мега Лекс, екипа која ќе отвори утре вечер против Црвена Звезда. Сопственик на Мега е Миодраг Ражнатовиќ, светски познатиот менаџер кој имаше интересен коментар за новата опрема.
„Идеата на новите дресови беше да бидат што полуди и пошокантни. Следам кошарка веќе 40 години и не сум слушнал ниту еден коментар за дресовите на Звезда и Партизан, дека се убави или грди. За дресовите на Мега секоја година има лавина коментари, едни велат дека тоа е клуб кој може да игра и кога ќе се исклучи светлото, а други велат дека сите далтонисти навиваат за нас и тоа е симпатично“, истакна Ражнатовиќ.

Ден пред почетокот на новата сезона, Ражнатовиќ како и секогаш, преку социјалните мрежи остави коментар во свој стил.
„Важно предупредување - се молат сите гледачи на утрешниот меч Црвена звезда - Мега Лекс да земат наочари за сонце или други средства за заштита на видот. Бојата на дресовите во која настапува Мега на гости е таква што дури и бојата во која настапуваше Мега лани во Краљево е исклучително темна“, иронично прокоментира Ражнатовиќ.

1. коло Јадранска лига:
четврток:
Унион Олимпија - МЗТ Скопје 17:00
Задар - Цибона 17:00
Будуќност - Крка 19:00
Црвена звезда - Мега Лекс 21:00
петок:
Тајфун Сентјур - Сутјеска 17:00
Цедевита - Игокеа 19:00
Металац - Партизан 21:00
30 септември 2015 - 17:19