Снегот посилен од НБА, одложени два натпревари

Ноќта меѓу понеделникот и вторникот во НБА наместо планираните седум, се одиграа пет натпревари, поради снежната олуја во Њујорк која ги одложи натпреварите на Никси и на Бруклин Нетс.

Оклахома и без Кевин Дурент ја совлада Минесота 82:74. Расел Вестбрук беше најефикасен со 18 поени, а Серж Ибака додаде 13 поени и дури 19 скокови. Кај Волците Ендру Вигинс постигна 23 поени.

На Дион Веитерс (Оклахома) му бега топката:

Во триумфот на Бостон над Јута 99:90, најефикасен беше Принс со 19 поени и 5 асистенции, а кај Џезерите, Шејворд одличен со 26 поени.

Добрата одбрана на Џо Инглс над Еван Тарнер:

НБА Резултати:

Мемфис Гризлис - Орландо Меџик 103:94
Њу Орлеанс Пеликанс - Филаделфија 76ерс 99:74
Оклахома Сити Тандер - Минесота Тимбервулвс 82:74
Јута Џез - Бостон Селтикс 90:99
ЛА Клиперс - Денвер Нагетс 102:98
Бруклин Нетс - Портланд Трејл Блејзерс одложено за 6. април
Њујорк Никс - Сакраменто Кингс одложено за 3. март