Што сè ќе поседува новата сала на Работнички во Градски парк

Откако Општина Центар го избра идејното решение за повеќенаменска сала - Градски парк, решивме да ѕирнеме во проектот на победниците на конкурсот.

После 48 години, Градскиот парк во Скопје и кошаркарскиот клуб Работнички ќе добијат нова, модерна повеќенаменска сала. Сегашниот „храм“ заслужено ќе оди во историјата и ќе биде запаметен како место на кое се прославиле многу успеси и трофеи. Беше изграден во 1970-та година како придружен објект за потребите на Светското првенство организирано во СФР Југославија.

Јавноста со нетпрение очекува да види како ќе изгледа новиот дом на најтрофејниот кошаркарски колектив во земјава па од таа причина решивме да фрлиме око на конечното решение кое го приготвија Стефани Соларска, маг.инж.арх. и Игор Медарски, маг.инж.арх.

Капацитетот на салата чија предна фасада ќе биде застаклена, ќе биде од 2.800 гледачи, влучувајќи ги фиксните, телескопските и ВИП трибините, а ќе поседува:

- Два влеза за посетители (на северозападната и југозападната страна);
- Фан шоп на КК Работнички;
- Мини музеј на КК Работнички;
- Помошна сала за ракомет, одбојка, мал фудбал;
- Билетари;
- Игротека / кафе бар;
- ВИП влез на северната страна;
- PRESS центар со 120 места и дополнителен кетеринг простор;
- Канцеларии на Организационен и Национален Комитет;
- Шест соблекувални со санитарии и тушеви;
- Простории за судии/делегати/инструктори;
- Две простории за реквизити;
- Масажа;

- Фитнес центар;
- Помошна сала за кошарка (часови по карате, одбојка, бокс, танц, тенис...);
- Амбуланта за итна медицинска помош;
- 2 простории за реквизити;
- Троделно спортско борилиште / повеќенаменско (кошарка, ракомет, мал фудбал, одбојка, концерти, модни случувања...);
- Телескопски трибини (950 места);
- Фиксни трибини (1.760 места);
- 6 тунели преку кои се пристапува до фиксните и до северната телескопска трибина;
- Места за посетители во инвалидска количка (вкупно 6 - по едно н а 500 посетители);
- Ресторан;

- ВИП ложи и ВИП трибини (вкупно 182);
- 6 кабини за по 2 коментатори (поставени централно на јужната трибина);
- 36 места за новинари над последниот ред на јужната трибина;
- Подземно паркирање на 2 нивоа - вкупно 190 паркинг места;
- ВИП паркинг;
- 5 паркинг места за телевизиски екипи и амбулантно возило;
- 6 паркинг места за лица со посебни потреби;

5 октомври 2017 - 11:39