Ол стар спектаклот во знакот на Истокот

Најатрактивната кошаркарска ноќ во годината по пауза од три години и припадна на Источната конференција која по негатива од 18 поени успеа да направи пресврт и на крајот да триумфира со 163:155. МВР признанието отиде во рацете на Кајри Ирвинг.

Најголемите ѕвезди од НБА лигата на синоќешното шоу во Њу Орлеанс одиграа екстра ефикасен натпревар на кој постигнаа дури 318 поени и со тоа го срушија рекордот од 303 кошеви поставен пред точно 27 години.

Кошаркарите на Западот во еден момент од третата четвртина имаа предност од 18 поени разлика која се покажа како достижна благодарение најмногу на Кајри Ирвинг кој само во второто полувреме постигна 24 поени.

Кошаркарот на Кливленд ги остави во сенка големите ѕвезди на паркетот и сосема заслужено стигна до признанието за најдобар играч на натпреварот кој на крајот го заврши со фантастичен учинок од 31 поен, 14 асистенции и пет скока.

Овој Ол стар викенд донесе нов рекорд и по бројот на постигнати тројки, а тоа го стори Кармел Ентони кој постигна дури осум, а на крајот на контото имаше вкупно 30 поени.

Многу блиску до остварување на нов рекорд беа и кошаркарите од Западната конференција Блејк Грифин и Кевид Дурент кои постигнаа по 38 поени и кои не успеаа да го стигнат легендарниот Вилт Чембрлен кој има постигнато рекордни 42 кошеви на овој меч.

Леброн Џејмс оствари учинок од 22 поени, седум скока и седум асистенции, а Пол Џорџ постигна 18 поени. За одбележување е и дабл дабл учинокот на Стефон Кари со 12 поени и 11 асистенции и Крис Пол кој имаше 11 поени и 13 асистенции.

17 февруари 2014 - 09:21