Нова атрактивна тројка на Нено, Македонија од -11 до триумф над Словачка

Само три дена откако погоди од паркинг и ја замолкна Данска, Ненад Димитријевиќ одново воодушеви со шут за тројка од тешка позиција, а во финишот погоди уште една со која го отпиша противникот.

Македонската кошаркарска репрезентација славеше и во второто коло од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025 година, во кое ја победи Словачка на Кале со 79:75.

Нашите кошаркарите повторно се изнамачија за да победат и бркаа негатива од 53:42, која ја имаа во третата четвртина.

Тогаш го подигнаа нивото на играта и до крајот на третиот период намалија на -4, а во последната четвртина ја стегнаа одбрана и за 10 минути игра примија само 12 поени.

Ненад Димитријевиќ повторно беше најефикасен во македонскиот национален тим со 20 поени, а најголема помош доби од Војдан Стојановски и Андреј Јакимовски кои постигнаа по 15, како и Стојан Ѓуровски со 12.

По две одиграни кола, во нашата група Македонија и Норвешка имаат по две победи, а Словачка и Данска по два порази.

Следниот меч го играме на 10 ноември против Норвешка во Скопје.

Двете тројки на Нено

Важна тројка во пресвртот, како и поени под кош постигна и 21 годишниот Јакимовски.