НБА плејофот со најмногу странци

Оваа сезона 16-те екипи, плејоф натпреварите ги стартуваа со рекордни 58 кошаркари кои не се родени во САД. Најинтернационален тим беше Сан Антонио Спарс кој беше елиминиран во претходната фаза.

Во НБА лигата оваа година во регуларниот дел од сезоната настапија рекордни 101 играчи од странство, од кои 58 се пласираа во плејофот. Претходниот рекорд се случи во 2008 година кога во плејофот беа избројани 50 кошаркари. 

По силната глобализација на американската кошарка предводена долго време од комесарот Дејвид Штерн, а сега од Адам Силвер свое место најде и првиот Македонец, Перо Антиќ кој ја игра втората сезона во најелитната кошарка во светот. 

Бројот на странци се зголемувал постепени. Денес 22% од кошаркарите во НБА се странци, а тоа е двојно повеќе од пред 15 години кога играле 45. Во сезоната 1990/1991 таа бројка изнесувала 21. 

Во моментов во осумте екипи кои играат во полуфиналето по конференции 13 играчи потекнуваат од Јужна Америка и Кариби, 6 од Азија, 5 од Канада и 1 од Африка, тоа е центарот од Голден Стејт, Нигериецот Фестус Езели. 

Меѓу екипите од плејофот, Кливленд има најмногу странци. Тоа се Кајри Ирвинг и Метју Делаведова од Австралија,  Бразилец Андерсон Вареахо кој е повреден од декември, потоа Тристан Томпсон (Канада) и Тимофеј Мозгов (Русија). 

Од 28-те земји кои имаа свои претставници од почетокот на плејофот, рекордна бројка од шестмина имаше Франција, а во текот на регуларниот дел од сезоната прва беше Австралија со 9, па Бразил со 8 играчи. Историскиот рекорд го држат Канаѓаните кои во една сезона имале 31 претставник.

Инаку на стартот од плејофот настапија 13 странци кои имаат освоено барем по една шампионска титула. Десетмина од нив се од Сан Антонио Спарс, 9 од минатата сезона и плус Словенецот Бено Удрих. 

Другите се Дирк Новицки и Џеј Џеј Бареа кои беа шампиони со Далас во 2011-та и Пол Гасол со Лејкерси во 2009 и 2010 година. Гасол и Удрих се единствени меѓу нив кои се во борба за нов прстен. 

Спарси е единствениот тим кој лани успеаа да стигне до шампионски прстен со рекорден број од 9 странци, а Бостон Селтикс во 2008-ма ја освои титулата без ниту еден странец.

8 мај 2015 - 18:18