Наваро од пола терен

Се уште го паметиме Наваро кој ја уништи нашата репрезентација со 35-те поени за Шпанија на полуфиналниот натпревар од Европското првенство во Литванија, а него ќе го паметат и во Мадрид.

Барселона го победи Реал Мадрид на кошаркарското „Ел Класико" со 86:83 и покрај тоа што Реал во текот на натпреварот имаше двоцифрена предност.

Еден од најзаслужните за победата на Барселона беше Хуан Карлос Наваро кој постигна 23 поени, а тој го најави големиот пресврт со тројка од пола терен во последната секунда од првото полувреме.

4 мај 2012 - 10:52