Мега средба во НБА: Јокиќ, Дивац и Ѓоковиќ

Три српски легенди се собраа на едно место и направија клип кој многу тежи. Никола Јокиќ, Новак Ѓоковиќ и Владе Дивац. Се работи за меч во Лос Анџелес на кој Леброн Џејмс стана прв играч во историјата на НБА со 40.000 поени, но забавата му ја расипа се знае кој, Јокиќ со 35 поени и 10 скока, како и победа од 124:114. Новак го прекина интервјуто за да се поздрави со својот сонародник.

3 март 2024 - 08:39