Кошаркарот кој пожелно е да си го упрости презимето

Љубомир Николовски на еден Ол Стар фати да го кажува целосното име на Мутомбо кое гласи вака: Дикембе Мутомбо Мполондо Мукамба Жан-Жак Вамутомбо. Тука нема никаква филозофија, го запишуваш на лист и го изговараш во пренос. Ама ај ова да те видам.

Штета што селекцијата на Руанда (држава во централна Африка која се граничи со Уганда, Бурунди, Танзанија и Конго), нема да се квалификува на Светското кошаркарско првенство закажано за летово во Кина.

Во квалификациите загуби од Средноафриканската Република и со тоа остана без шанси за пласман на Мундијалот

Стварно штета, бидејќи ако се пласираа, коментаторите на кои ќе им се паднеше пренос со меч на Руанда ќе го имаа најголемиот предизвик во живо, а тоа е да го изговорат најтешкото можно презиме во историјата на кошарката и општо во спортот.

Сигурно никој не ви зборувал за овој кошаркар бидејќи и да сака човек не може да го спомене во муабет. Му го читаш само името и потоа зарибуваш кај презимето.

Не само што е научна фантастика да го изговориш, туку можеш лесно да утнеш и во броење на буквите. 22 се инаку и во интервју во прашуваат, што значи, а тој одговара?

„Хахахахаха...бидејќи јас сум Христијан, презимето значи дека сум во можност да направам сè поради Господ“.

Многу не интересира дали 20 годишниот кошаркар на Руанда знае да се потпише на документи (до крај). Инаку има уште четири браќа и четири сестри. Замислете да треба сите девет некој да ги изговори по ред, со се презиме.

Еве како му го пишуваат на дрес. Инаку за да биде цело ќе треба на два дреса, а и два дали ќе стасаат.

27 февруари 2019 - 12:45