Кариерата на Дражен Петровиќ во 16 факти

Ако треба да се даде опис за тоа каков кошаркар беше, ќе му го препуштиме тоа на Тони Кукоч кој за него изјави: Ако играш со него, ризикуваш да пропуштиш нешто. Подобро беше да го гледаш од страна.

- Дражен Петровиќ на 8 години станува секое сабајле во 5:30 за да оди во сала и да шутне 500 пати пред да оди во школо.
 
- На 15 години дебитира во првата југословенска лига.
 
- Ме предизвикуваше и ме навредуваше на четири јазики. Обожував да играм против него. За мене е најдобриот шутер кој сум го видел (Реџи Милер)
 
- На 16 години е првотимец и ја завршува сезоната со 16,3 поени по натпревар.
 
- На 18 години е веќе неприкосновен лидер на тимот кој го загуби финалето во Купот Корач од Лимож.

- На 21 година во дресот на Цибона постигнува 112 поени против Олимпија Љубљана, го завршува првенството со просечни 43,3 поени по натпревар и освојува Куп на Европски шампиони со 37 поени по натпревар.
 
- Ако играш со него, ризикуваш да пропуштиш нешто. Подобро беше да го гледаш од страна (Тони Кукоч).
 
- На 23 години веќе имаше две титули во Европскиот Куп на шампиони.
 
- На 25 години во Реал Мадрид постигнува 62 поени во незаборавното финале во Купот на Куповите против Казерта.
 
- На 26 години е во НБА во Портланд, но со премала минутажа.

- Запаметете секогаш дека кога ќе видите Европеец во НБА, знајте дека патот му го има отворено Дражен.
 
- На 27 години преимнува во Нетс. Првата сезона постигнува 12,6 поени по натпревар, а следните две над 20.
 
- На 28 години игра пријателскиот натпревар против Италија во Трст. Промашува три шута кои обично ги гаѓа без проблеми, но не се обесхрабрува и продолжува да шутира. За време на тајм аутот не го слуша тренерот, оди под кош и го гледа внимателно. „Судија обрачот е поместен неколку сантиметри, треба да се стави на место. Грешката е корегирана и од тој момент почнува да реди кошеви.

-На 29 години Вернон Максвел пред Хјустон - Њу Џерси вели: Треба допрва да се роди белец од Европа за да може да ми ги врзува врвките. На табелата на поени на крајот кај Дражен Петровиќ стоеше бројот 44.
 
- По крајот на таа сезона му следуваа квалификации за Европско. По еден натпревар во Полска тимот се враќа од Хрватска со авион, а Дражен преферирал да се врати со кола со девојка му и една пријателка. Ги фаќа невреме и прават сообраќајка во која загинува само легендарниот кошаркар. Неверојатен шок за Хрватска и целиот кошаркарски свет. На погреб доаѓаат околу 100.000 луѓе, а тоа се случува на 7 јуни 1993-та, пред 24 години.
 
- Еден ден додека мајка му била да го посети на гробот и се доближило едно дете: „Можеби вие сте го израснале, но тој е на сите нас“.
8 јуни 2017 - 13:54