Јак и многу симпатичен гест во грчката кошарка

На мечот меѓу Аполон и Олимпијакос за домашниот тим дебитираше дете со само 16 години по име Леонидас Валканас. Гостинскиот играч Ларензакис бараше да му дадат топка, а потоа намерно го фаулираше за да постигне поени на неговиот прв настап во сениорска конкуренција. Каков шмекерски потег.

6 април 2024 - 08:23