И Леброн Џејмс побрз од сирената, му врати на Дерик Роуз

Израмнетиот дуел синоќа во Чикаго меѓу Булси и Кливленд го добија Кавалирс 86:84 со двојката на Леброн Џејмс во последната секунда.

ЧИКАГО БУЛС - КЛИВЛЕНД КАВАЛИРС 84:86

Вистински плејоф натпревар синоќа во Јунајтед центарот. Пред овој дуел, Булси го материјализираа брејкот кој го направија во Кливленд, водеа 2-1 во серијата, но синоќа не успеаа да го одбранат домашниот терен.

Кливленд играше без Лав и Варежао, но поголем хендикеп имаа Биковите без Пау Гасол. Средбата беше израмнета сè до последните моменти, кога Џеј-Ар Смит и Леброн ги превземаа работите во свои раце. Кливленд 40 секунди пред крајот беше на плус 5 поени, но Џими Батлер и Ди Роуз со соло продор израмнија на 84:84.

Леброн Џејмс не доби фаул од Ноа после продорот и на Кавси им остана само една секунда за последниот шут. „Кралот“ Џејмс успеа да му побегне на Батлер и газејќи ја линијата за три поени погоди „без коски“ со што Кливленд славеше значајна победа. Петтиот натпревар се игра утре вечер во Кливленд, а потоа шестиот одново во Чикаго.

На крајот, Дерик Роуз најефикасен кај Чикаго со 31 поен, а Џими Батлер постигна 19. Кај Кливленд, Леброн Џејмс со 25 поени, 14 скокови и 8 асистенции беше прв стрелец, а Тимофеј Мозгов постигна 15.

ШУТОТ НА ЛЕБРОН ЗА ПОБЕДА:

ХАЈЛАЈТС ОД МЕЧОТ:

НАЈДОБРИТЕ МОМЕНТИ НА ЛЕБРОН ЏЕЈМС:

ЛА КЛИПЕРС - ХЈУСТОН 128:95

ЛА Клиперс повторно ги „лансираа“ Ракетите од Хјустон, 125:95 и се наоѓаат на чекор од историски прв пласман во финалето на Западот. Кошаркарите на Хјустон намерно го фаулираа ДеАндре Џордан, а тој во првото полувреме изведе дури 28 слободни фрлања (вкупно 34) што е рекорд во плејофот годинава.
 
Токму ДеАндре Џордан беше најзаслужен за триумфот на ЛА Клиперс. Високиот центар постигна 26 поени а имаше и 17 скокови. Блејк Грифин додаде 21, а Крис Пол 15 поени и 12 асистенции. Гостите од Тексас ги предводеше Џејмс Харден со 21 поен. Клиперс сега се на чекор од финалето кое може да го заверат утре вечер во Хјустон или во четврток на домашен паркет.
 
НАЈДОБРИ МОМЕНТИ ОД МЕЧОТ:
 
ТОП 5 ПОТЕЗИ НА ВЕЧЕРТА: