Голден Стејт во НБА финале после четири децении

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се пласираа во големото финале, откако со 4-1 ја добија серијата против Хјустон.

ГОЛДЕН СТЕЈТ - ХЈУСТОН 104-90

Вориорс славеа во петиот меч 104-90 на домашен паркет и така се пласираа во првото финале од 1975. година кога последен пат стигнаа до пехарот. По генерации желби и чекања, Голден Стејт Вориорс конечно стигна до НБА финалето.
 
Стефон Кари со 26 поени и 8 скокови и Харисон Барнс со 24 поени беа најзаслужни што Воините закажаа мега дерби со Кливленд. Клеј Томпсон додаде 20 поени. Кај Хјустон, Двајт Хауард беше прв стрелец со 18 поени и 16 скокови, а целосно потфрли Џејмс Харден кој за 43 минути на паркетот имаше само 14 поени. Серијата со Кливленд започнува на 4. јуни.
„Зошто да не сме ние во финалето? Овој град чека на тоа 40 години и мислам дека дојде време“, изјави МВП-то на сезоната во НБА.