Ентони Дејвис во последна секунда му донесе победа на Лејкерс

Фаворитот за титулата во НБА, ЛА Лејкерс поведе со 2:0 во финалето на Западот против Денвер откако славеше синоќа со 105-103. Нагетси неколку пати се враќаа, на три минути пред крајот надоместија -8 поени и поведоа со 12 поени по ред на Јокиќ, но последниот напад го имаа Лејкерс.

На крајот Дејвис беше играч на мечот со 31 поен, Леброн постигна 26 со 11 скока и 4 асистенции. Кај Нагетси, Јокиќ 30 поени, 6 скока и 9 асистенции, Мареј 25 поени, а Портер 15.

21 септември 2020 - 09:01