Дурент бара легализација на марихуана во НБА

Еден од најдобрите кошаркари на светот, Кевин Дурент, кој ја пропушти сезонава поради операција на Ахиловата тетива, уште еднаш им даде силен ветер во грб на поборниците за легализација на канабис на многу места.

Суперѕвездата кој освои титула со Голден Стејт Вориорс па замина во Бруклин Нетс стана еден од најпознатите адвокати за легализација на марихуана. Дурент веќе неке време бара од НБА да ја тргне марихуаната од листата забранети супстанци.

Кевин Дурент неодамна се појави во подкастот All The Smoke на Шоутајм кој го водат поранешните играчи Мет Брнс и Стивен Џексон. Меѓу другите теми, го прашаа и за тоа како марихуаната делува во процесот на опоравување од повреди и може да биде корисна додека трае паузата на повредениот играч.

„Канабисот е од оние растенија на кои треба да се привикнеш. Ако го сакаш, го сакаш. Ако не го сакаш, нема ниту да го собираш. Не смее да има ни дискусија деновиве. Едноставно, марихуана е марихуана, не е опасна за никого. Може само да помогне, да подобри и прави убави нешта. Мислам дека веќе не треба да има ни толкав муабет околу тоа“, вели Дурент.

Марихуаната е меѓу повеќе од 200 супстанци кои се забранети од НБА лигата.

Ова не е првпат суперѕвездата која зад себе има 10 Ол стар учества, отворено да се залага за легализација на канабис. Тој пред некое време се појави во еден документарен филм во кој со Снуп Дог зборувале за корисноста од употреба на марихуана.

Дурент вели дека најголем проблем е што тревата е стигматизирана во општеството денес. Тој вели дека општеството прифаќа супстанци како кофеин или ликер.

„Сите во мојот тим пијат кафе секој ден. Земаат кофеин секој ден. Или има дечки што пијат вино после натпреварите или по некој друг пијалак тука и таму. Марихуаната не треба да биде на лош глас. Зошто воопшто зборуваме за тоа? Не треба да се збори за тоа. Така јас се надевам дека ќе ја надминеме стигмата околу канабисот и треба да се знае дека на луѓето им дава убаво поминато време, им отвора апетит, ова растение не зближува сите“, вели 31-годишниот освојувачот на две злата од Олимписки Игри (2012 Лондон, 2016 Рио) и Светско првенство (2010 во Турција).

Интересно, американската МЛБ бејзбол лига го тргна канабисот од листата забранети супстанци во декември а НХЛ реши да не ги казнува играчите кои ќе бидат позитивни на тест. Неодамна, Дион Волтерс, бекот на Мајами Хит беше суспендиран 10 натпревари откако џвакал мастики на база на канабис па имал паничен напад во клупскиот авион.

Меѓу другите НБА играчи кои добиле суспензија поради користење марихуана беа Табо Сефолоша, Нерленс Ное, Лери Сандерс, Џ.Р. Смит. Но Дурент смета дека стигмата е поголема отколку самата забрана.

„Мора да ги вадиме луѓето од затвор кои се таму поради марихуана. Тоа е следен чекор. И да продолжиме. Се надевам дека ќе се случи и во НБА“, заклучи Дурент.

28 февруари 2020 - 11:32