Ди Роуз и Гасол се прошетаа во Кливленд, Чикаго поведе

Гостите ги нанесоа првите удари во полуфиналните средби во Хјустон и Кливленд. Блејк Грифин без помошта на Крис Пол го носеше ЛА Клиперс до брејк во Хјустон, а Роуз и Гасол му одржаа лекција на Кливленд.

Стеф Кари е МВП, но Дерик Роуз потсети на деновите кога го носеше тоа обележје. Предводен од својата единица, Чикаго славеше во Кливленд 99:92 и поведе 1-0 во серијата. Ди-Роуз постигна 25 поени, а Гасол додаде 21 со 10 скокови по што домаќинот беше немоќен да ги запре двајцата најдобри играчи на Чикаго Булс.

Дерик Роуз не седеше на клупа, туку и кога беше заменет возеше велосипед во еден од ходниците во салата за да не се олади додека не е на паркетот. Џими Батлер изброи 20 поени, а неговиот шут на крајот беше пресуден за победникот, затоа што Кливленд тогаш дефинитивно беше нокаутиран.

Кливленд играше бешe Кевин Лав, но недостасуваше и Џеј Ар Смит. Кајри Ирвинг уфрли 30 поени, а Леброн го заврши мечот со 19 поени, 15 скокови и 9 асистенции. Џејмс загуби и шест топки во вториот пораз на Кливленд на домашен терен во Охајо во последните 24 средби. Следниот дуел се игра повторно во Кливленд, утре вечер.

Хајлајтс од мечот:

Првиот плејоф дуел на Кајри Ирвинг и Дерик Роуз:

 

Двата леј-ап потези на Кајри Ирвинг:

Гостинска победа однесе и ЛА Клиперс, кој го победи Хјустон во Тексас и поведе со 1-0 во полуфиналето. Фантастична партија одигра Блејк Грифин кој постигна 26 поени, 14 скокови и дури 13 асистенции. Крафорд постигна 21 поен, а Барнс 20. Кај Рокетси, Харден даде 20 поени но имаше и 9 грешки од 23 колку што направи целиот тим на Хјустон. Најефикасен кај домаќинот беше Двајт Хауард со 22 поени.
 
Хјустон цел натпревар бркаше резултат, имаше и серија од 5-0 и се врати на минус еден поен негатива во последната четвртина, но Мат Барнс ги потурка Клиперси до триумф. Остин Риверс не го разочара татко му Док на клупата, го започна мечот место Крис Пол и уфрли 17 поени за Клиперс.
 
Доминација на Блејк Грифин со трипл-дабл:
 
20 поени на Џејмс Харден и многу загубени топки:
 
ТОП 5 потези на вечерта:
 
РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд - Чикаго 92:99 (0-1)
Хјустон - ЛА Клиперс 101:117 (0-1)