Данкан асистира и од земја, Голден Стејт до осма победа

Кошаркарите на Атланта Хокс на полувремето губеа дури 30 разлика од Минесота Тимбервулвс, по што Џеф Тиг и Ал Хорфорд сакаа да се степаат со противничките играчи. ЛА Клиперс го доби дербито со Мемфис.

Сан Антонио Спарс играше неизвесен меч се до последната четвртина, кога резервистите дадоа 24 од 34 поени за убедлива победа на крајот 106:88. Тимот од Тексас го предводеше Кавај Ленард со 24 поени (10/13), Ламаркус Олдриџ постигна 16 поени со 9 скокови, а 13 Тони Паркер. Ветеранот Тим Данкан оствари дабл-дабл и имаше неколку одлични потези. Кај Сакраменто, Демаркус Казинс постигна 21 поен но се испромаши од игра (5/20) со 12 скокови. Марко Белинели уфрли 17 поени.

Хајлајтс од мечот:

Данкан асистираше од земја:

Најдобрите моменти на Данкан синоќа:

Целиот настап на Кавај Ленард:

 

Асистенцијата на Казинс:

Стефон Кари имаше најлоша вечер сезонава и промаши дури 11 шутеви, но Голден Стејт покажа дека има доволен фонд на играчи во франшизата кои можат да го заменат МВП-то. Андре Игудала и Леандро Барбоса комбинирано заедно постигнаа 23 поени од клупата. Кари на крајот имаше 22 поени со по 5 скокови и асистенции. Клеј Томпсон додаде 24 поени. Шампионот славеше затоа што го задржи најдобриот играч на Пистонс Андре Драмонд на само 14 поени.

Хајлајтс од мечот:

Потегот на Кари со Драмонд Грин од аут:

Минесота Тимбеврулвс го одигра најдобриот меч сезонава. Дадоа дури 72 поени во првото полувреме, а водеа и 34 поени разлика, но Атланта им се приближи во вториот дел но не успеа да ги стигне. Ендрју Вигинс беше неверојатен со рекорд на кариерата од 33 поени (15/22), а веднаш до него беше К и Ентони Таунс со 17 поени и 12 скокови. Кај Атланта која е поразена после 7 победи по ред се истакнаа Џеф Тиг со 24 поени и 9 асистенции и Пол Милсап со 22 поени, 6 асистенции и 5 скокови.

Нервозата на Атланта ќе преминеше во тепачка:

Хајлатс од мечот:

Резултати НБА:
ЛА Клиперс - Мемфис 94-92
Г.Стејт - Детроит 109-95
Сакраменто - Сан Антонио 88-106
Денвер - Портланд 108104
Атланта - Минесота 107-117
Индијана - Орландо 97-84
Филаделфија - Чикаго 88-111